Македонскиот напаѓач Иван Тричковски од наредната сезона ќе го носи дресот на АЕЛ Лимасол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тричковски откако претходно го напушти АЕК Ларнака каде што настапуваше цели девет години, сега како слободен агент се приклучува на АЕЛ.
За АЕК Тричковски настапи на 278 натпревари во кои постигна 138 гола и додаде уште 29 асистнеции.
Репрезентативната кариера ја заврши по Европското првенство со Македонија во 2021 година, а националниот дрес го носеше на 67 натпревари во кои постигна девет голови.