Дома Фудбал Англија ОФИЦИЈАЛНО: Трансферот на Куртоа во ПСЖ е една голема ФАРСА

ОФИЦИЈАЛНО: Трансферот на Куртоа во ПСЖ е една голема ФАРСА

Агентот Кристоф Хентротај демантираше дека голманот на Челзи , Тибо Куртоа е во преговори со ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Белгиска телевизија објави дека ПСЖ почнал преговори со Куртоа и дека фантастичниот голман веројатно на лето ќе го напушти Лондон, но сега пристигна и демант.

„Никогаш не сум слушнал за тој состанок. Ако некој клуб го сака Куртоа, знае што мора да направи – да најде договор со Челзи и потоа да разговара со мене за да проверат дека клиентот е заинтересиран да премине во друг клуб“, истакна агентот.

„РТБФ е мал ТВ канал во Белгија кому понекогаш му требаат вакви работи за да го оддржат во живот, но информациите не се точни и тоа ви го гарантирам“, додаде агентот на Белгиецот.

Со оглед на тоа дека Трап и Ареола не импресионираа оваа сезона во дресот на Парижаните, клубот од „Паркот на принцовите“ на лето бараат нов чувар на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…