Човекот кој многумина го сметаат за најголем играч во историјата на НФЛ, Том Брејди денес потпиша договор со Тампа Беј Бјунерс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Брејди после цели 20 години си замина од Њу Ингланд Патриотс и на 42 години прифати нов предизвик. Потпишувањето на договорот тој го објави на неговиот Фејсбук профил.
Трансферот беше потврден и на официјалната страна на Тампа Беј и со него тие веднаш се вбројуваат помеѓу фаворитите за пласман во Суперболот. НФЛ фановите сигурно со нетрпение сакаат да видат како Брејди ќе се снаје во новата средина.
Засега тие не објавија на колку години е договорот на Брејди.
TB ✖️ TB pic.twitter.com/oyzSdNn1ZE
— Tampa Bay Buccaneers (@Buccaneers) March 20, 2020