Дома Фудбал Англија Официјално: Покетино е нов тренер на Челзи!

Официјално: Покетино е нов тренер на Челзи!

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино и официјално е нов тренер на Челзи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Челзи на официјалниот сајт го потврди ангажманот на Аргентинецот кој ќе го преземе тимот од 1. јули 2023 година.

Зад себе Челзи има една од најлошите сезони во историјата, па затоа пред него ќе биде тешка задача. Договорот кој го потпиша Покетино е со важност на една сезона, а ќе биде продолжен, ако со премиерлигашот оствари добри резултати.

„Среќни сме што доаѓа Покетино. Тој е тренер од светска класа и може многу да ни помогне да ги оствариме целите наредната сезона“, изјави првиот човек на Челзи, Тод Боели.

Во кариерата претходно Покетино беше тренер на Еспањол, Саутемптон, Тотенхем и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…