Македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ денеска беше избран за нов претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Антиќ како единствен кандидат беше избран на Собранието кое денеска се одржи во „Сквер 21“ во Скопје. Инаку, Антиќ беше единствен кандидат откако претходно од трката се откажаа Владимир Темелковски и Петар Наумоски.
Антиќ кој беше предложен од 15 членки, а поддржан речиси од сите ќе биде деветиот претседател на МКФ.
Новиот претседател побара дополнителни 15 дена за формирање на Управниот одбор и Надзорниот одбор.
Во комбинација за негови соработници се споменуваат Тодор Гечевски, Владимир Георгиевски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Марин Докузовски…