Досегашниот тренер на Џенова, Иван Јуриќ заработи отказ од клубот, а познат е и неговиот наследник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за Давиде Балардини кој на клупата на италијанскиот прволигаш се враќа во третпат во својата кариера.
По 12 одиграни дуели, Џенова во италијанската Калчо лига досега освои само шест бодови. Стариот нов предводник ќе се обиде да ја извлече екипата од кризата и да ја врати на победничката патека.
Балардини инаку има ултиматум од Џенова, со кој му се гарантира уште една година договор, само доколку успее да остане со клубот во Серија А и следната сезона.
Под раководство на Јуриќ, нашиот интернационалец, Горан Пандев досега одигра осум натпревари, од кои на три беше во стартниот состав. Пандев со оваа смена, има шанси да добие поголема минутажа во тимот.