УЕФА денес донесе одлука да не се играат меѓународни натпревари во Ерменија и Азербејџан поради воената ситуација помеѓу двете држави.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Главна причина за суспендирањето на натпреварите кои овие селекции требаше да ги играат дома се воените акции во Карабах. Азарбејџан и Ерменија во наредниот период нема да може да играат дома.
Ова значи дека Македонија нема да гостува во Ереван на 18. ноември за кога е закажан дуелот со Ерменците и тој натпревар ќе се игра на неутрален терен.
Исто така одземено и домаќинството на Баку кој требаше да биде еден од градовите домаќин за Европското првенство. Дополнително УЕФА ќе избере друг град.