Дома Трансфер зона Официјално: Луиз Адриано го засили Спартак Москва

Официјално: Луиз Адриано го засили Спартак Москва

Сега и официјално, Луис Адриано ја напушти екипата на Милан и кариерата ќе ја продолжи во Спартак Москва.

Адриано на „Сан Сиро“ пристигна во 2015-та година како големо засилување од украински Шахтјор, меѓутоа тој не ги оправда очекувањата. Оваа сезона тренеро Монтела му даваше многу мала минутража и реше да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулираше дека Бразилецот ќе се пресели во Русија и деновиве тој и официјално стави потпис на договор со московски Спартак до 2020-та година.

„Среќен сум што пристигнав во Спартак. Ќе дадам се од себе за што поскоро да се вклопам во екипата. Се надевам дека ќе постигнам многу голови и ќе му помогнам на клубот да ја освои шампионската титула“, порача Луис Адриано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…