Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Куни Моралес го напушта Вардар!

Официјално: Куни Моралес го напушта Вардар!

Како и што се најавуваше, утрово ППД Загреб го потврди трансферот на Куни Моралес кој го напушта Вардар и се сели во хрватскиот клуб.

36-годишниот Моралес ќе ја заврши сезоната во Вардар, по што ќе се пресели во Хрватска. Кариерата Кубанецот ја започна во сезоната 2004/2005 во Хавана од неговата татковина, а по одличната сезона го започна европскиот пат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Загреб тој ќе се придружи на поранешните тројца екс-вардарци, Дибиров, Чупиќ и Додиќ.

„Многу сум среќен што доаѓам во клуб кој со годините е присутен на најголемата ракометна сцена – во ЕХФ Лигата на шампионите.

Мојата цел е да давам се од себе на секој тренинг и секој натпревар и така да му помогнам на клубот. Ме радува што повторно ќе ја делам соблекувалната со Тимур Дибиров кој е пример за голем професионалец“, изјави Моралес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …