Дома Фудбал Останато Официјално: Кејлор Навас најдобар во КОНКАКАФ зоната

Официјално: Кејлор Навас најдобар во КОНКАКАФ зоната

Голманот на Реал Мадрид и фудбалската репрезентација Костарика денес е прогласен за најдобар играч на Конфедерациите Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Навас ова беше второ признание за најдобар играч на КОНКАКАФ бидејќи оваа награда ја доби и во 2014 година. Тој минатата година беше прогласен за најдобар голман во КОНКАКАФ зоната.

Навас во трката за најдобар играч оваа година го победи фудбалерот на ПСВ и репрезентацијата на Мексико, Хирвинг Лоуан. Кејлор Навас во квалификациите за Светското првенство прими само шест погодоци на седум натпревари.

Тој оваа година со Реал Мадрид стигна до титулата во Примера, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, шпанскиот Суперкуп и клупското Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …