Она што утрово го најави претседателот на германскиот гигант сега доби и официјална потврда, Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, утрово Румениге излезе со изјава во која истакна дека некој мора да сноси одговорност за големиот пораз од ПСЖ, а сега и го добивме одговорот кој е човекот кој плати „најскапа“ цена за вчерашниот пораз.
Баерн на итен состанок одлучи дека е време после 15 месеци Анчелоти да си замине. Во минатата сезона Анчелоти ја освои титулата во Бундеслигата, додека во Лигата на шампионите беше елиминран од Реал Мадрид кој подоцна стана и европски шампион.
Како најсериозен кандидат да го замени Анчелоти на клупата на Баерн до овој момент се споменуваше младиот тренер на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман.