Тоа што го најавуваа медиумите сега доби официјална потврда, Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид денес преку официјално соопштение потврди дека двете страни спогодбено ја прекинале соработката.
„Реал Мадрид потврдува дека Зидан не е повеќе тренер на првиот тим. Ја респектираме неговата одлука и му благодариме за неговата професионалност, посветеност и се што направи за Реал Мадрид. Тој ќе остане во нашите срца и Реал секогаш ќе биде негов дом“, стои во соопштението.
Зидан во два мандати беше тренер на „кралевите“ и стана најтрофеен тренер во историјата на клубот.
Ufficiale l'addio di #Zidane al #RealMadrid https://t.co/UywFoq6wb9
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 27, 2021