Дома Фудбал Италија Официјално: Ериксен повеќе не е играч на Интер

Официјално: Ериксен повеќе не е играч на Интер

Како и што беше најавено Интер го потврди раскинувањето на договорот со Кристијан Ериксен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ериксен немаше можност после ситуацијата на Европското првенство да продолжи да игра фудбал во Серија А, па двете страни беа приморани да ја прекинат соработката.

„Клубот му посакува се најдобро во иднина на Ериксен и неговото семејство. Убавите моменти како прегратките од навивачите и славењето на Скудетото ќе останат секогаш запаметени“, соопштија од Интер.

Сегашните најави се дека Ериксен нема да ја заврши кариерата туку ќе продолжи да игра фудбал во првенствата каде што тоа е можно. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е неговиот поранешен клуб Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сензaција од Mадрид. Првиот трансфер на Мурињо ќе биде Златна топка?

Познатиот новинар, специјализиран за трансфери, Екрем Конур, ја објави веста која силно од…