Пред неколку дена се појави вест дека Давид Бабунски ќе биде трансфер „бомбата“ за Шкендија во овој преоден рок, но за нашиот сајт Бабунски експресно потврди дека тоа нема вистина во таквите пишувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега таа изјава на Бабунски е и официјално потврдена, затоа што тој е промовиран во новиот клуб. Бабунски ќе продолжи да игра во Романија затоа што потпиша договор со Виторул Констанца.
Претходен клуб на Бабунски беше тимот на Ботошани од каде си замина по истекот на договорот.
Бабунски во минатото беше дел од младинските категории на Барселона, потоа играше за Црвена Звезда, следуваше и една авантура во Јапонија каде што го носеше дресот на Јокохама и Омија.