Дома Останати Официјално: Вујовиќ доби отказ во Словенија

Официјално: Вујовиќ доби отказ во Словенија

Веселин Вујовиќ нема да ја предводи репрезентацијата на Словенија на претстојното Европско првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Управниот одбор на федерацијата на итен состанок одлучил да го смени Вујовиќ, а денес и официјално му беше врачен отказот.

„Раководството на ракометниот сојуз на Словенија ја раскина соработката со Вујовиќ. Новиот селектор ќе биде избран до средината на декември“, порачаа од Федерацијата.

Веселин Вујовиќ, кој своевремено го предводеше актуелниот европски и македонски шампион Вардар, ја одведе Словенија на ОИ во Рио де Жанеиро, потоа стигна и до бронзениот медал на СП во Франција.

Сепак, променливите игри и резултати во последно време придонесоа тој да ја загуби поддршката од ракометарите, но и од челниците на Федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Чкембари“ се бесни, удрија по ракометарите по дебаклот од Вардар! (Фото)

Пелистер претрпе убедлив пораз од Вардар со 19-34 во „Јане Сандански“, а на трибините ги н…