Дома Трансфер зона Официјално: Вулвс се засилија со играч на ПСЖ

Официјално: Вулвс се засилија со играч на ПСЖ

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Пабло Сарабија го напушти ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Вулверхемптон, потврди овој клуб.

Сарабија со Вулверхемптон потпиша договор на две ипол години и во новиот клуб повторно ќе соработува со Јулиен Лопетеги кој го тренираше во шпанската У19 репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соработуваа и во Севиља од каде што Сарабија во 2019 година пристигна во ПСЖ каде што запиша 98 настапи и постигна 22 гола.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Спортинг Лисабон, а во кариерата играше уште за Реал Мадрид и Гетафе.

За репрезентацијата на Шпанија забележа 26 натпревари и постигна девет гола, беше дел и од последното Светско првенство каде што Шпанија беше елиминирана од Мароко во осминафиналето.

Во овој момент Вулвс се на 16-то место во Премиер лигата со 17 бодови, два повеќе од опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…