Дома Трансфер зона Официјално: Вест Хем донесе големо засилување во одбраната!

Официјално: Вест Хем донесе големо засилување во одбраната!

Вест Хем го комплетираше трансферот на дефанзивецот на Саутемптон, Жозе Фонте за кого плати 8 милиони фунти.

33-годишниот централен дефанзивец, кој минатото лето стана европски шампион со Португалија, потпиша договор со тимот од Лондон до јуни 2019 година, со можност за продолжување за уште една сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според гласините, Португалецот влегол во конфликт со менаџерот Клод Пуел и тоа станало причина за неговата желба да го напушти „Сент Мерис“ по 288 натпревари.

Фонте важи за еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата и за него интерес покажуваа многу премиерлигаши, па сигурно ќе биде големо засилување за „чеканите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…