Дома Трансфер зона Официјално: Бонавентура ја продолжи верноста со Милан!

Официјално: Бонавентура ја продолжи верноста со Милан!

Еден од најваќните алки во тимот на Милан, Џакомо Бонавентура денес стави потпис на нов договор со „росонерите“ и се обврза на верност до 2020 година.

Бонавентура пристигна во Милан последниот ден од преодниот рок во 2014 година и веднаш се наметна како клучен играч меѓу „росонерите“ и до сега одигра 91 натпревари на кои постигна 18 гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан сака да се врати на самиот врв на италијанскиот и светскиот фудбал, па затоа сака да ги задржи своите млади и најважни фудбалери.

Следен кој треба набрзо да го продолжи договорот со Милан е Сусо, кој блеска оваа сезона, а до краот на сезоната раководството ќе работи на новите договори на Донарума и Де Шиљо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…