Марио Балотели ќе игра за новиот турски прволигаш Адана Демирспор, потврди претседателот на клубот, Мурат Санџак.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Адана го освои првото место во ланската сезона во Втората турска лига, а следната сезона во своите редови ќе ја има италијанската ѕвезда.
Балотели ја заврши авантурата во Монца и како слободен агент беше во потрага по нов клуб, па се одлучи да се пресели во Турција.
Поранешниот фудбалер на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул потпиша договор на три години, а финансиските детали не се познати.