Дома Трансфер зона Официјално: Атлетико се прости од својот капитен – заминува кај Чави

Официјално: Атлетико се прости од својот капитен – заминува кај Чави

atletico gabi

Oд денес е и официјално, долгогодишниот член и капитен на Атлетико Мадрид го напушти клубот од престолнината на Шпанија, а негова следна дестинација ќе биде клубот од Катар, каде што настапува Чави Ернандез, Ал Сад.

Атлетико Мадрид денес одржа церемонија на која му се заблагодари на огромниот придонес на Габриел Фернандез Аренас– Габи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Габи во редовите на Атлетико помина цели шест години и забележа 239 настапи на кои постигна шест погодоци.

Овој играч за врска е производ на младинската школа на Атлетико, во првиот тим беше промовиран во 2004 година, тогаш за три години настапи на 46 натпревари.

Потоа следуваше позајмица во Гетафе, па трансфер во Сарагоса за во 2011 година да се врати онаму каде што започна и да остане до денес.

Во тимот на Ал Сад како што споменавме Габи ќе се придружи на легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Mилан пронајде напаѓач и спремен е да го сруши клупскиот рекорд?

Како што стојат работите, екипата на Милан го пронајде напаѓачот кој би сакале да го довед…