Дома Трансфер зона ОФИЦИЈАЛНО – Арсенал го доведе свеото прво големо засилување !

ОФИЦИЈАЛНО – Арсенал го доведе свеото прво големо засилување !

Арсенал започна со купувањето!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Досегашниот фудбалер на Шалке, Сеад Колашинац е нов член на Арсенал, потври лондонскиот клуб. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина беше претставен пред навивачите на Арсенал, пристигна како слободен играч по истекот на договорот, а во екипата ќе се приклучи на 1. јули кога ќе започнат подготовките за следната сезона.

Колашинац би требало да ја засили одбраната на Арсенал и од него Арсен Венгер има големи очекувања. Колашинац има 23 години, роден е во Германија, за чија репрезентација настапи во сите млади категории, но подоцна одлучи да игра за сениорската Босна и Херцеговина.

Иако има само 23 години, првотимецот на Шалке беше член пет сезони и во тој период одигра 122 натпревари и постигна четири гола.

Се очекува во тимот на Венгер да игра на позицијата лев бек, иако не е исклучено и да ја покрива целата лева аут линија во формацијата 3-4-2-1 која Французинот ја форсираше во финишот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…