Дома Фудбал Официјално: Анчелоти не ги повика Куртоа, Бензема и Милитао за СП

Официјално: Анчелоти не ги повика Куртоа, Бензема и Милитао за СП

Карим Бензема, Тибо Куртоа и Едер Милитао нема да бидат дел од тимот на Реал Мадрид за Светското клупско првество.

Тројцата се рехабилитираат од повреда, па Анчелоти избра да не ризикува и не ги повика со остатокот од тимот да патуваат во Рабат, каде се игра СП.

Европскиот шампион во среда ќе игра со Ал Ахли во полуфиналето, а потоа на 11 февруари ќе игра финале или меч за трето место.

Бензема и Милитао се повредиа на дуелот со Валенсија во четвртокот, а Куртоа заработи повреда на мечот со Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најслабиот тим во ПМФЛ остана без тренер

Муарем Муарем повеќе не ја извршува функцијата тренер на Скопје. Клубот и стратегот ја пре…