Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјален состав: Шкендија максимално офанзивно ќе брка негатива од два гола!

Официјален состав: Шкендија максимално офанзивно ќе брка негатива од два гола!

На еден час пред почетокот на натпреварот познати се стартните состави за натпреварот помеѓу Шкендија и Рига.

Шкендија има негатива од 0:2 од првиот натпревар па затоа нема што чува и ќе тргне офанзивно. Тетовци стартуваат со четворица напаѓачи – Дориев, Ибраими, Хебај и Нафиу во формација 4-4-2.

Захов е на голот, а во одбраната Мурати, Кривак, Бејтулаи и Павич, средниот ред е составен од Алими, Чака, лево и десно се Нафиу и Дорив, а во шпицот Хебај и Ибраими.

Натпреварот стартува во 20:00 часот.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Канатларовски ја спореди школата на Вардар од 1985 со односот на младите денес

Драган Канатларовски се наврати на лекциите од поискусните соиграчи во Вардар и на разлики…