Дома Трансфер зона Откриено: Фудбалер на Интер се сели во Манчестер Јунајтед!

Откриено: Фудбалер на Интер се сели во Манчестер Јунајтед!

Поранешниот фудбалер на Милан и Интер, Дарио Шимиќ за хрватските медиуми откри кој фудбалер на „нероаѕурите“ би можел веќе на лето да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот хрватски фудбалер смета дека неговиот сонародник набрзо ќе се пресели во еден од најголемите клубови во светот.

Марчело Брозовиќ и Иван Перишиќ имаат клучна улога во Интер. Очекував Перишиќ упте во овој преоден рок да потпише за некој од најголемите европски клубови. Дефинитивно има квалитет да игра за најголемите и јас го гледам во дресот на Манчестер Јунајтед“, изјави Шимиќ.

28-годишниот крилен фудбалер оваа сезона игра одлично за „нероаѕурите“ и има договор со миланскиот клуб до 2020 година.

Сепак, тешко е да се поверува дека Интер ќе се согласи за негова продажба бидејќи сакаат да градат шампионски тим, а финансиите повеќе не се проблем за „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…