Дома Фудбал Лига на шампиони Откриено кога продолжува Лигата на шампиони

Откриено кога продолжува Лигата на шампиони

Првенствата во фудбалска Европа полека се враќаат, а УЕФА ги одреди и термините за доигрување на Лигата на шампиони и Лига Европа.

УЕФА им даде предност на домашните првенства да се завршат до почетокот на август, а потоа ќе продолжат европските натпреварувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Марка“ пренесува дека осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите ќе се одиграат на 7 и 8 август, додека Лига Европа ќе продолжи на 9 август.

Четвртфиналните дуели во ЛШ се на програмата од 11 до 15 август, полуфиналните од 18 до 22 август, а финалето во Истанбул е на 29 август.

Сепак, одлуката се уште не е конечна, бидејќи не се знае со точност кога ќе завршат најсилните првенства во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…