Дома Фудбал Италија Откриено: Бонучи побарал да НЕ игра против Милан!

Откриено: Бонучи побарал да НЕ игра против Милан!

Вечерва се игра големото дерби помеѓу Милан и Јувентус во кое двајца фудбалери ќе играат против својот поранешен клуб, но информациите од Италија се дека само еден од нив ќе биде на теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, уште вчера медиумите пренесоа дека Алегри нема да го стави Бонучи во стартниот состав, а денес е откриена и причината за тоа.

Наводно дефанзивецот сам побарал од тренерот да не игра на овој меч, со цел да ги избегне свирежите од фановите чии капитен беше минатата сезона. Поради тоа готово сигурно денес во стартниот тим на негово место ќе биде Бенатија.

Од друга страна Игуаин се регабилитираше од повредата и ќе биде во стартниот тим, па бодрен од своите навивачи ќе се обиде да и докаже на „старата дама“ дека погреши што го продаде ова лето.

Веројатни состави:

Милан: Донарума, Калабрија, Запата, Ромањоли, Родригез, Бакајоко, Кеси, Сусо, Чалханоглу, Кастиљехо, Игуаин.

Јувентус: Шчешни, Кансело, Бенатиа, Киелини, Алекс Сандро, Пјаниќ, Матуиди, Кедира, Дибала, Роналдо, Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…