Дома Фудбал Германија Откриено кои фудбалери го „минираат“ Ковач во Баерн

Откриено кои фудбалери го „минираат“ Ковач во Баерн

Еминентниот германски весник „Кикер“ ги откри имињата на тројцата фудбалери на Баерн Минхен кои го „минираат“ тренерот Нико Ковач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баерн оваа сезона игра под очекувањата, а атмосферата во клубот не е најдобра. Меѓутоа, и покрај многуте шпекулации раководството на клубот се уште стои позади тренерот Ковач.

„Кикер“ ги објави имињата на тројцата фудбалери кои го „минираат“ хрватскиот тренер, а станува збор за Хамес Родригез, Матс Хумелс и Сандро Вагнер.

Овие тројца се обидуваат да ја свртат целата соблекувална против Ковач, а особено тоа се однесува на Хамес кој е во лошо односи со тренерот. Колумбиецот е лут бидејќи тренерот јавно го критикуваше дека е спор.

Меѓутоа, хрватскиот стратег се уште ја има довербата на клубот, но доколку резултатите во Бундеслигата не се поправат може наскоро да стане „бивши“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…