Дома Фудбал Останато Откриена точната сума која Мбапе ја добива од ПСЖ

Откриена точната сума која Мбапе ја добива од ПСЖ

Авторитетниот американски магазин „Њујорк Тајмс“ ја откри точната сума која Пари Сент Жермен ќе му ја плаќа на ѕвездата Килијан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе во јуни стави потпис на нов договор и се обврза на верност до 2025 година.

За три години Мбапе ќе добие вртоглава сума од 250 милиони евра. Годишната плата на напаѓачот изнесува рекордни 83 милиони евра бруто.

Притоа, Мбапе ќе добие 125 милиони евра под формата на бонус за потпишувањето на договорот со кој ПСЖ го убеди да остане во Париз, наместо да се пресели во Реал Мадрид.

Во меѓувреме Мбапе даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое тој објаснува дека не останал во ПСЖ за пари и не ја затвори вратата во иднина да се пресели во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул и Арсенал влегуваат во „војна“ поради фудбалер вреден 69 милиони евра!

Летниот преоден рок носи сè повеќе големи трансферни приказни, а последната пристигнува од…