Дома Фудбал Германија Откако го раскина договорот со „Газпром“ Шалке експресно ги распродаде новите дресови

Откако го раскина договорот со „Газпром“ Шалке експресно ги распродаде новите дресови

Тимот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов пред неколку дена поради ситуацијата во Украина и инвазијата на Русија го раскина договорот со „Газпром“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шалке од „Газпром“ заработи вкупно 450 милиони евра. Сега додека клубот се бори за враќање во германската Бундеслига навивачите покажаа огромен интерес за новиот дрес.

Од Шалке информираа дека новите дресови без долгогодишниот парнер се распродадени.

„Поради огромната побарувачка за специјалниот дрес, клупската продавница во овој момент го достигна својот капацитет“, објавија од клубот.

Ќе потсетиме поради истата причина договорот со „Газпром“ го раскина и УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …