Дома Тенис Откажувањето од мастерсот во Индијана Серена ќе ја чини прво место на ВТА

Откажувањето од мастерсот во Индијана Серена ќе ја чини прво место на ВТА

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс го откажа учеството на Мастерс турнирот во Индијан Велс и на тој начин и ја препушти првата позиција на ВТА листата на Германката Анжелик Кербер.

Серена Вилијамс минатата година играше во финалето на турнирот во Индијан Велс, а оваа година се откажа од настапот поради повредата на левото колено.

Бидејќи нема да ги брани поените кои ги освои минатата година по завршувањето на турнирот таа првото место ќе и го препушти на германката Кербер. Инаку, Серена на првото место на ВТА листата се врати со победата на Аустралијан Опен.

„Жалам, но морам да се повлечам од турнирот во Индијан Велс. Болките во левото колено не ми дозволуваат нормално да трениерам. Разочарување за мене е што нема да играм на овој турнир, но морам да останам позитивна“, изјавила Серена.

Осовојувачката на 23 Грен слем титули, долго време не настапуваше во Индијан Велс, наводно поради расизам таа овој турнир го бојкотираше 14 години, а пред две сезони повторно почна да настапува во Калифорнија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…