Актуелниот тренер на Пелистер Марјан Секуловски имаше емотивна објава на социјалните мрежи во која потенцираше дека веќе осум години не го слави својот роденден затоа што е на ист датум со загинувањето на македонската фудбалска легенда Петар Милошевски.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милошевски трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во судир на автимобилот во кој беше совозач на поранешниот прв човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.




„Драги мои пријатели ,
Ви благодарам на сите вас за вашите прекрасни честитки за мојот роденден .Пред осум години на 13.03.2014 на денот на мојот роденден во сообраќајна несреќа го изгубив мојот другар и брат , ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ . Oд почит кон ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ на овој ден 13.03. јас не го славам мојот роденден туку тагувам за мојот другар и брат . Никогаш нема да те заборавам , ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ !!!“, стои во објавата на Секуловски на социјалните мрежи.



