Во петок ќе биде извлечен ждребот за четвртфиналето од Лигата на шампиони и тогаш официјално ќе биде објавено каде ќе се доиграат реваншите од осминафиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Весникот „АС“ пренесува дека одложените натпревари ќе се доиграат според планот, на стадионите на кои требаше да се играат пред паузата.
Така Барселона, Манчестер Сити, Јувентус и Баерн Минхен ќе бидат домаќини во реваншите. Од УЕФА до последно се обидувале да ги убедат клубовите дека поразумно е да се одиграат на неутрален терен.
Планот беше да се доиграат во Португалија, една недела пред почетокот на завршниот турнир кој ќе се игра во Лисабон.