Дома Фудбал Олд Трафорд ќе се урива? Јунајтед подготвува промена која ја заговараше Роналдо

Олд Трафорд ќе се урива? Јунајтед подготвува промена која ја заговараше Роналдо

Пред некој ден беше потврдено дека Сер Џим Ретклиф ќе стане сопственик на 25 отсто од акциите на Манчестер Јунајтед.

Тој ќе биде задолжен за спортскиот сегмент на клубот, а за реконструкција на бројни сегменти ќе бидат вложени околу 1,3 милијарди евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Еден од нив е стадионот. Англиските медиуми шпекулираат дека Ретклиф би можел да тргне во реконструкција околу стадионот.

Не е познато дали Ретклиф ќе го реконструира Олд Трафорд или целосно ќе го урне и ќе изгради нов стадион.

Олд Трафорд е дом на Јунајтед од 1910 година, но долго време беше критикуван за покривот што прокиснува.

Исто така, објектите во рамките на стадионот не се доволно квалитетни, за што минатата година зборуваше Кристијано Роналдо.

Португалецот ја критикуваше состојбата на стадионот и целиот објект. Тој рече дека ништо многу не се променило во последните 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Партизан во голем проблем, не добил лиценца за настап во Европа!

Партизан не успеа да добие УЕФА лиценца за следната сезона, ексклузивно дознава Спорт клуб…