Дома Фудбал Озил останува без спонзори: После „Мерцедес“ му раскина и „Адидас“

Озил останува без спонзори: После „Мерцедес“ му раскина и „Адидас“

Германскиот весник „Билд“ пишува дека ѕвездата на Арсенал остана без договор со „Адидас“ вреден 25 милиони евра за седум години.

Претходно истото го направи и компанијата „Мерцедес“, а весникот открива дека причина за тоа се политичките ставови кои ги има фудбалерот.

За потсетување Озил најпрвин се најде на мета на критиките во Германија кога се сретна со турскиот претседател Ердоган, како дел од неговата кампања. Подоцна Ердоган беше и гостин на свадбата на Озил.

Исто така Озил имаше остри критики јавно упатени кон Кина поради односот и мачењето на ујгурските муслимани во оваа земја. Очигледно дека неговите ставови не им се допаѓаат на компаниите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го задржа својот голгетер: Кејн потпиша до 2029 година!

Освојувачот на „Златната топка“ ја продолжи верноста кон Баерн, за кој постигна 156 гола н…