Дома Македонски спорт Мак ракомет Одредени цените на билетите во Купот на Македонија

Одредени цените на билетите во Купот на Македонија

Tрката за шампионската титула најверојатно ќе заврши со победа на Вардар, а следи и битката во Купот на Македонија на која домаќин ќе биде Кавадарци.

Тиквеш како организатор на настанот ги објави цените на билетите. Билетите во продажба се пуштаат во петок и ќе може да се купат по цена од 150 денари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Почитувани, со огромна чест и задоволство ви го најавуваме ракометниот Куп на Македонија 2022 година за мажи и жени кој ќе се одигра овој викенд во салата „Јасмин“, Кавадарци.

Од утре (петок), од 12:00 часот на билетарницата во „.Јасмин“, Кавадарци ќе бидат пуштени дневните влезници за сите натпревари. Дневната влезница е по цена од 150 денари. Се надеваме на успешен ракометен Куп на Македонија, одигран со спортски дух и убава атмосфера. Нека победат подобрите“, соопштија од Тиквеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…