Дома Фудбал Италија Одлични најави за Милан: Мањан се враќа четири недели порано од предвиденото?

Одлични најави за Милан: Мањан се враќа четири недели порано од предвиденото?

Majк Мањан одлично ја започна сезоната во Милан откако пристигна од Лил, но потоа се повреди и мораше да оди на операција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Предвидувањата за негово враќање на терените беа 10 до 12 недели, односно нешто повеќе од два месеци. Сепак, најавите од Милано се позитивни и според информациите Французинот започнал да тренира нормално и на теренот ќе се врати четири недели порано од предвиденото.

Докторите во Милан наводно биле импресионирани од процесот на закрепнувањето на Мањан. Како што сега стојат работите Мањан на голот на „росонерите“ би можел да застане за една или две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историја: Досега невидена интервенција на ВАР технологијата на Светското првенство (Видео)

До натпреварот меѓу Америка и Парагвај немавме можност да видиме како функционира ВАР во с…