Дома Тенис Одигран најдолгиот тај-брејк во историјата

Одигран најдолгиот тај-брејк во историјата

На тенискиот турнир во Далас дуелот помеѓу Џон Иснер и Рајли Опелка се претвори во историски меч затоа што беше одигран најдолгиот тај-брејк на АТП.

Опелка на крајот излезе како победник и го доби тај-брејкот со 24-22, па така го надминаа рекордот од 20-18.

Интересно е тоа што и првиот сет го решија на идентичен начин, но тогаш Опелка беше подобар со 9-7, а со оваа победа избори финале каде што ќе игра против Џенсон Бруксби.

Мечот го одбележа уште еден интересен детал, а тоа е дека двајцата тенисери сервираа неверојатно и заедно имаа вкупно 60 ас удари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…