Дома Трансфер зона Од транферот на Де Јонг во Барселона може да профитира и Тотенхем

Од транферот на Де Јонг во Барселона може да профитира и Тотенхем

Управата на клубот од Лондон го гледа како одлично засилување во средниот ред.

После официјализирањето на трансферо на Френки Де Јонг изгледа во Барселона нема простор за играчот за кој толку многу се поврзуваше со шпанскиот гигант изминатите недели.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во прашање е „бунтовникот“ од Париз, Адриен Рабио.

23 годишниот играч на ПСЖ е во немилост на Томас Тухел и јасно е дека нема иднина во Париз.

Договорот му истекува за шест месеци, па поради тоа е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Барселона беше еден од фаворитите за неговиот потпис, но после трансферот на Де Јонг изгледа може да избере нова средина.

Најновиот заинтересиран купувач за Рабио е Тотенхем. „Петлите“ го продадоа Муса Дембеле и во Французинот гледаат природна замена.

Дел од англиските пренесуваа и дека Покетино во наскоро ќе разговара со играчот и ќе се обиде да го убеди да го избере Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…