Лионел Меси ќе осатане запаметен како најдобар фудбалер во историјата на Барселона, а во разговор со медиумите сега Аргентинецот зборуваше за приликата да ја дели соблекувалната со големи легенди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси истакна дкеа имал голем респект кон сите, меѓутоа стравопочит имал само кон еден играч, а тоа Тиери Анри.




„Сум ги почитувал и се уште ги почитувам големите шампиони кои беа дел од Барселона. Од Роналдињо, Ето, па Пујол, да не ги заборавам и Чави и Иниеста кои беа помлади од овие великани. Меѓутоа стравопочит имав само кон еден играч – Тиери Анри. Знаев се за него и одеднаш беше до мене во Барселона, првиот ден кога дојде во Барселона немав храброст да го погледнам во очи. Ми беше чест и бев горд што имам таков соиграч“, изјави Меси.