Дома Фудбал Од Барселона порачале: Нема шанси да се промени домаќинството на „Ел Класико“

Од Барселона порачале: Нема шанси да се промени домаќинството на „Ел Класико“

Шпанските медиуми денес објавија дека Ла Лига и Реал Мадрид побарале од Барселона да го промени домаќинството за „Ел Класико“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, според распоредот на шпанското првенство првото „Ел Класико“ сезонава се игра на 26-ти октомври во 13:00 часот на „Камп Ноу“, но од Ла Лига објавија дека сакаат да го променат домаќинството и тој натпрвеар да се одигра на „Бернабеу“.

Меѓутоа „Мундо Депортиво“ пренесува дека од Барселона јасно порачаа дека одбиваат можност да се промени домаќинството. Од Реал се отворени за сите опции, а исто така порачаа дека се спрмени да се промени датумот на одигрување на натпреварот.

Сепак, челниците на Ла Лига можат да се надеваат дека ситуацијата на улиците во Барселона ќе се смири во нардните денови и ќе има услови да се одигра еден од најголемите натпревари во светот.

Доколку тоа не се случи јасно е дека во Барселона нема да се согласат на промена на домаќинството и како единствено решение останува натпреварот да се одложи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…