Дома Топ вести Од jануари нов Македонец во Серија А!

Од jануари нов Македонец во Серија А!

Веќе од првите денови од новата година во Серија А освен Горан Пандев, ќе гледаме уште еден македонски фудбалер.

Станува збор за Душан Филимановски. Филимановски своевремно го носеше дресот на Црвена Звезда и Кавала, а до вториот дел од сезоната ќе настапува за италијанскиот тим Беневенто кој изминатиот викенд ја запиша првата победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонецот во Серија А пристигнува од Хомбург, а со Беневенто се договори за договор на шест месеци.

Да потсетиме, овој клуб има навика да доведува Македонци, со оглед на тоа што минатата сезона додека се натпреваруваа во Серија Б во своите редови го имаа Никола Јакимовски.

Беневенто е последна екипа со само четири освоени бодови од 19 натпревари.

Извор: Екипа.мк

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…