Дома Фудбал Овој двоец од Барса не го посакува Кутињо на „Ноу Камп“!

Овој двоец од Барса не го посакува Кутињо на „Ноу Камп“!

Барселона игра одлично оваа сезона, но сепак и понатаму овој клуб има огромна желба да го доведе Фелипе Кутињо.

Познато е дека Барселона се обидуваше да го доведе Кутињо во текот на целото лето, но Ливерпул не попушти, па Кутињо остана на „Енфилд“, а највисоката понуда која пристигна на адреса на „црвените“ изнесуваше дури 130 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак во Барселона не се сите воодушевени од тоа што овој клуб толку многу го посакува Кутињо. Имено, „Dairio Gol“ пренесува дека Андрес Иниеста и Иван Ракитиќ сметаат дека Бразилецот во овој момент не е потребен.

Наводно, овој двоец на Каталонците верува дека Серхио Роберто, Денис Суарез и Андре Гомеш се доволни за стабилен среден ред на Барселона во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА потврди: Италија е во игра за девет екипи во европските натпреварувања!

Правилата на УЕФА се јасни, но за сите љубители на фудбалот беше големо прашање дали Итали…