Дома Трансфер зона Ова би било тежок удар за Рома: Големиот ривал испраќа понуда за Флоренци?

Ова би било тежок удар за Рома: Големиот ривал испраќа понуда за Флоренци?

Сезоната во италијанската Серија А влегува во самата завршница и може да се каже дека ова е една од поинтересните сезони во последните неколку години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус во ова кола би можел и теоретски да ја обезбеди титулата шампион на Италија, а голема борба се уште се води за местото кое води во Лигата на шампионите и опстанокот. Во недела во Рим се игра големото дерби каде што Рома пред своите навивачи ќе ја пречека „старата дама“.

Римскиот клуб може да биде задоволен бидејќи многу веројатно ќе оди директно во Лигата на шампионите, а исто така оваа сезона играа и полуфинале во најелитното европско натпреварување.

Како што тоа секогаш се случува кон крајот на сезоната италијанските медиуми започнуваат да шпекулираат за иднината на фудбалерите, а еден од нив е и Алесандро Флоренци.

Наводно, 27 годишниот фудбалер има понуда од Интер каде што би соработувал со неговиот поранешен тренер Лучијано Спалети.

Проблем за Рома е што Флоренци нема долгогодишен договор со клубот. Неговиот договор истекува на крајот на наредната сезона и се уште нема најави дека истиот би можел да биде продолжен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…