Дома Топ вести Ова би било СЕНЗАЦИЈА: Баерн Минхен потенцијална дестинација за Роналдо!?

Ова би било СЕНЗАЦИЈА: Баерн Минхен потенцијална дестинација за Роналдо!?

Веста која пренесува новинарот на „Goal“ е вистинско изненадување!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, според Ронан Марфи кого на Твитер го следат повеќе од 20.000 фанови Баерн Минхен е една од можните дестинации на Кристиано Роналдо!

Од ден во ден се појасно станува дека Кристиано Роналдо нема да ја дочека новата сезона во дресот на Реал Мадрид, но прашањето е: Каде би играл?

До овој момент како можни дестинации се споменуваа само Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, а сега се поврзува и со германскиот гигант Баерн Минхен.

Сепак, според медиумите проблем е оштетата Баерн не е спремен да плати астрономска сума, но од друга страна пак спремни се на Роналдо да му дадат поголема плата од онаа која ја добива во Реал Мадрид.

Гласините се дека Баерн би можел да го искористи Роналдо и како заштитно лице во својот маркетишнки продор, но покрај тоа би бил и напаѓачот кој ќе го замени Роберт Левандовски кој е на излезни врати од клубот.

Секако, сето ова во овој момент не изгледа реално, но денешниот фудбал не навикна дека СЕ Е МОЖНО!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…