Дома Фудбал Репрезентации Ова би било револуција: Светско првенство во Брунеи, Камбоџа, Филипини, Тајланд…

Ова би било револуција: Светско првенство во Брунеи, Камбоџа, Филипини, Тајланд…

Во последните две децении стана вообичаена пракса две земји заеднички да организираат некое континентално натпреварување.

Меѓутоа земјите од југоистична Азија одлучија да одат чекор подалеку – 10 земји заеднички да поднесат кандидатура за Светското првенство во 2034 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Брунеи, Камбоџа, Сингапур, Филипини, Индонезија, Лоас, Малезија, Мианмар, Тајланд и Виетман ќе се обидат со заеднички сили да ја добијат организацијата на тој Мундијал.

Прв пат најголемиот фудбалски настан во Азија се одржа во 2002 година кога домаќини беа Јапонија и Јужна Кореја, додека наредниот Мундијал во 2022 година ќе го организира Катар.

После состанокот на Федерациите на репрезентациите од југоисточна азија во Банког освен идејата за заедничка кандидатура се разговарало и овие 10 репрезентации да состават еден тим и под исто знаме да играат на Светското првенство кое ќе го организираат.

Освен овие 10 земји за СП 2034 кандидатура се очекува да поднесе и Кина и навистина ќе биде тешко овие 10 земји да ги победат фаворизираните Кинези.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…