Дома Топ вести Објавена листата на 5. засилувања кои Перез сака да ги доведе: Едно име ги изненади сите!

Објавена листата на 5. засилувања кои Перез сака да ги доведе: Едно име ги изненади сите!

Реал Мадрид не игра добро оваа сезона. Во Примера заостануваат големи 10 бода зад Барселона, а ги загрижува и тоа што Валенсија има 6 бода повеќе од нив.

Во Лигата на Шампионите обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето, но од втората позиција. Тоа значи дека „Кралевите“ за противник во осмина финалето би можеле да го добијат ПСЖ, Манчестер Сити или пак Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа, во Мадрид сериозно се зборува за реконструкција на тимот, а шпанските медиуми од ден на ден се натпреваруваат кој повеќе ќе објави за потенцијалните засилувања на клубот. Така, фудбалскиот таблоид „Diario Gol“ донесе листа на пет засилувања кои претседателот на Реал, Флорентино Перез сака да ги види во својот клуб.

Тука се ѕвездите како Хари Кејн, Деле Али и Паоло Диабала, како и дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос. На листата како најголемо изненадување се најде и голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага. Имено, неговото место на листата е чудно со оглед на тоа што во врска со Реал веќе некое време се наоѓаат Давид Де Геа и Тибо Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…