Дома Фудбал Англија Обложувалниците тврдат: Ова се двата фаворити за потписот на Вилиан!

Обложувалниците тврдат: Ова се двата фаворити за потписот на Вилиан!

Бразилецот Вилиан игра одлично сезонава во дресот на Челзи, но без оглед на фактот дека е еден од најдобрите играчи на „Плавите“, менаџерот Антонио Конте често го изоставува од стартниот состав.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што се наведува, незадоволството на бразилскиот фудбалер е на високо ниво и тој е подготвен да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Обложувалниците така понудија обложување за тимот во чии редови ќе замине Вилиан. Имено, главни фаворити за доведување на овој фудбалер се Милан и Манчестер Јунајтед.

Како што се наведува, тој веќе има понуди од овие два тима, но се уште не ја донел конечната одлука за продолжувањето на својата кариера.

Покрај Милан и Јунајтед, интерес за неговите услуги покажуваат и Реал, Барселона како и ПСЖ.

Вилиан оваа сезона во 42 настапи за лондонскиот клуб, запиша 12 погодоци и 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатната сезона на Тер Штеген – стана шампион, но испадна и од лига

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген доживеа навистина необична сезона во шпанскиот фу…