Дома Фудбал Обамејанг: Не ми е јасно зошто сум суспендиран!

Обамејанг: Не ми е јасно зошто сум суспендиран!

Германските меидуми вчера пренесоа информација дека Борусија Дортмунд го суспендирала Пјер Емерик Обамејанг, а веста потоа ја потврди и самиот клуб.

Обамејанг беше суспендиран и во ноември минатата година поради дисциплински мерки, бидејќи без знаење на клубот заминал во Милано.

Меѓутоа, напаѓачот сега тврди дека не знае која е причината за суспензијата овој пат.
„Не е вистина дека сум закаснил на тренинг. После моето патување во Милано можев да ја разберам суспензијата. Овој пат навистина не ми е јасно зошто сум суспендиран“, изјави Обамејанг.

Габонецот поради суспензија ќе го пропушти мечот против Штутгарт, а оваа сезона на 17 натпревари има постигнато 15 гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов нападнат од исклучен противник, Погон врза пет победи

Дарко Чурлинов доби удар од Ибрахим Камара, кој по исклучувањето се врати од тунелот. Пого…