Дома Фудбал Обамејанг го избра бројот во Барселона

Обамејанг го избра бројот во Барселона

Oбамејанг со Барселона потпиша договор до летото 2025 година и на „Камп Ноу“ пристигна како слободен играч.

Габонецот во последниот ден од преодниот рок го раскина договорот со Арсенал и без оштета премина во редовите на Каталонците. Вчера Обамејанг и беше претставен, а Ла Лига потврди дека напаѓачот е регистриран за официјалните натпревари.

Освен тое открија дека на Габонецот ќе настапува со бројот 25. Обамејанг немаше премногу избор затоа што Траоре се реши за 11-ката, а првотимците на клубовите во Ла Лига можат да бираат броеви само од 1 до 25.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…