Дома Фудбал Англија Нуњез: Гледав многу натпревари на Ливерпул, ми одговара стилот на игра

Нуњез: Гледав многу натпревари на Ливерпул, ми одговара стилот на игра

Дарвин Нуњез вчера вечер беше потврден како нов играч на Ливерпул и со неговиот ангажман „црвените“ го соборија клупскиот рекорд.

Уругваецот не го криеше воодушевувањето што ќе има прилика за нова авантура во неговата кариера.

„Среќен сум што дојдов во Ливерпул, ова е голем клуб. Сум играл против Ливерпул и сум гледал многу нивни натпревари во Лигата на шампионите, нивниот стил на игра е и мој. Во тимот има одлични играчи кои мислам дека ќе ми одговараат. Ќе дадам се од себе да помогнам“, изјави Дарвин по потписот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…